Објавено на:

Германците сакаат крај на војната, некои ако треба и компромис со Русија

t

Во Германија се се погласни барањата за изнаоѓање дипломатско решение за војната во Украина.

Според истражувањето на „Дојчландтренд“ на јавниот сервис АРД, дури 60 отсто сметаат дека германската влада треба да вложи поголеми дипломатски напори во изнаоѓање решение за ставање крај на војната.

Така, 26 отсто од прашаните одговориле дека Германија во секој случај мора да ги засили напорите за изнаоѓање дипломатско решение, а дополнителни 34 отсто рекле дека мислат така дури и ако тоа би значело дека Украина мора да прифати компромиси со Русија.

Посилна дипломатска иницијатива бараат првенствено приврзаниците на десничарската Алтернатива за Германија, Левицата и Партијата на слободата.

Поддржувачите на другите партии застапени во Бундестагот, меѓу кои и владејачката Социјалдемократска партија, Зелените и опозициската ЦДУ/ЦСУ, се порезервирани, бидејќи стравуваат од можни загуби за Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Менаџментот на клиниката да го реши проблемот…

Од Државниот санитарен инспекторат за Телма велат…

Маж бил физички нападнат од својата партнерка,…

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера…

Две лица се повредени: Се судрија полициска…

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера…

„Вреди“ нема да тргуваат со гласовите на…

Сè уште е енигма кон кого од…

Милановиќ: Хрватска е дно, само Бугарија е…

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска, коментирајќи ја…