Ковачевски со полна уста пофалби: ДУИ има квалитетни министри во Владата, дури и во криза

t

Односите со ДУИ можам да ги оценам како исклучително коректни, рече премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, додавајќи дека особено продуктиви и професионални релации има со министрите од оваа партија во Владата.

Прашан за мислењето на претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, дека СДСМ и Владата имаат сервилен однос кон ДУИ, Ковачевски рече дека тој не користи таква терминологија.

„Можам да кажам дека ДУИ во Владата има квалитетни министри и дури сега во оваа криза, со оглед на ресорите што ги покрива ДУИ, а кои се најмногу изложени на справување со кризата, сметам дека министрите кои ДУИ ги има предложено се навистина квалитетни… Сервилноста, јас не сум бил дел од владата на Никола Груевски, меѓутоа верувам дека таквиот начин на комуникација и таквиот начин на функционирање повеќе би наликувал на такво време, меѓутоа јас не сум бил дел од тоа време“, вели Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…

Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…

ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…

Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме

ДУИ преку соопштение реагираше по одбележувањето на…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…