Победнички јуриш во далечниот Ван!
Македонија направи крупен чекор кон пласирање на Европското првнество во 2024 година, иако завршија само две кола од квалификацискиот циклус. Во вториот меч, попладнево, Кире Лазаров и неговите избраници остварија убедлива победа на гости кај Турција, со 36-27.
Во далечниот Ван, преку 2.600 километри од Скопје, македонските ракометари одиграа самоуверено, дисциплинирано, демонстрирајќи ги своите квалитети. Мечот го отворија фуриозно, со 9-0, запирајќи ја Турција да постигне гол, речиси, пола полувреме. Главна заслуга за тоа имаа цврстата одбрана и Никола Митревски, кој нанижа седум интервенции во првиот полчас.
Првиот гол Турција го постигна во 14. минута, но Македонија веќе имаше контролал на случувањата, држејќи ја таквата состојба и до паузата, кога водеше со 17-8. Во 40. минута Македонија првпат поведе со двоцифрена разлика, беше 24-14, а потоа настапи мало опуштање. Во наредните 10 минути постигнавме два гола, Турција се доближи на 20-26, но победата не беше доведена во прашање.
Најефикасен беше Филип Талески со седум погодоци, зад кого беше повратникот во националниот тим, Дејан Манасков со пет. Трет најдобар стрелец кај жолто-црвените беше Томислав Јагуриновски со четири голови.
И Македонија и Португалија имаат по четири бода во групата 1, наспроти Турција и Луксембург кои останаа на нула. Имајќи предвид дека пласман на ЕП обезбедуваат првите две места, а и четирите најдобри трети, јасно е дека оваа гостинска победа кај, условно, третата по ранг селекција во групата, може да биде клучна за нашата цел. Следните натпревари Македонија ги игра во март 2023, дома и на гости со Португалците.
извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…
Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани
Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…
Трамп: Иран требаше порано да преговара
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…
Се урна стар мост во Индија, има…
Четири лица загинаа, а 51 се повредени…
Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…
Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…