Ќе реагира ли некој?! Џамбаски до Ковачевски: Му го носеше кафето на Заев, неговото име е бугарска Али експрес верзија

t

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски го демантира премиерот на Македонија Димитар Ковачевски дека не го познавал кој е тој, објаснувајќи дека името му е бугарска Али експрес верзија.

Во видео обраќање Џамбаски му порача на Ковачевски дека не е важно што тој не го знае бугарскиот пратеник затоа што тој и неговите сопартијци од ВМРО знаеле кој е тој и од какво семејство потекнува премиерот.

Димитар Ковачевски тврди дека македонизмот бил изворен, но тој е антибугарска, нацистичка, фашистичка и болшевичка иделогија која има задача да ја искорени бугарската традиција, култура и историја во Македонија. Тоа е фалш идентитет кој е антибугарски – рече Џамбаски.

Џамбаски направи и анализа на личното име на премиерот Ковачевски, кое, според него, било бугарска Али Експрес верзија.

Ковачевски тврди дека македонскиот јазик е единствен. Но тој е дијалект на бугарскиот јазик и тоа го докажува секој лингвист. Македонизмот и македонскиот идентитет ГМО исто како и неговото име. Тој не е Димитр туку Димитар. Неговото име е бугарска али експрес верзија. Немаат никаква историја пред 1944 година. Димитар, ќе ви се обратам на вие. Прашајте ги членовите на вашиот кабинет какво потекло имаат. Тие дошле од Шумадија да ги тероризираат македонските Бугари. Колку што знам и вашите претци имаат титовско минато – рече тој.

Ако добро се сеќавам, Ковачевски ги носеше кафињата додека траеја средбите меѓу Зоран Заев и Бојко Борисов. Носеше папки, документи, како машка секретарка. Тој е само фасада, ја исполнува волјата на Белград и Кремљ, додава Џамбаски.

ЛИНК од видеото на Џамбаски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…