(Видео) Мицкоски нема проблем со влез на Бугарите aко тоа се случи кога…

t

Уште еден конфузен став на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по однос на влезот на Бугарите во македонскиот Устав.

Мицкоски во вчерашното гостување во Македонската радио телевизија изјави дека неговата партија не би имала проблем со влез на Бугарите во Уставот доколку тоа се бара пред влезот на Македонија во Европската Унија.

-Зошто тоа вметнување да не биде пред ратификација на протоколот на пристапување на Македонија во Европската Унија? Зошто сега да биде, прашува Мицкоски.

Првичниот став на Мицкоски беше дека тој нема проблем со влез Бугарите во Устав, ако има гаранции дека тоа е последно барање.

Во разговорот со „Призма“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека тие ќе гласаат против ако во Собранието дојде предлог, бугарските барања да бидат дел од преговарачката рамка со Европската Унија. Но тоа не се случи, едноставно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа на седницата.

Но, можноста Бугарите да влезат во македонскиот Устав, нешто на што силно инсистира бугарското државно раководство, како услов за да го тргне ветото, Мицкоски децидно не ја одбива. Имено, тој ја остава ваквата можност, но со предуслови што треба да ги исполни бугарската страна. Еден од нив е Бугарија „да се обврзе дека тоа е нивното последно барање“.

Пред вчерашната изјава, Христијан Мицкоски тврдеше дека неговите пратеници никогаш нема да гласаат за влез на Бугарите во Уставот, а доколку некој од неговите пратеници гласа за влез на Бугарите во Уставот тој ќе се повлече од политиката.

Ако некој од ВМРО-ДПМНЕ гласа и под овие услови се промени Уставот, тогаш јас ќе си заминам и ќе ја напуштам политиката, изјави партискиот лидер, Христијан Мицкоски.

-„Да ќе си заминам, ќе ја напуштам политиката и никогаш повеќе нема да се занимавам со политика, ако јас додека сум претседател под овие услови биде променет Уставот!“-изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Нашата загуба никому не му значи ништо,…

„Нашата загуба никој не ја вреднува, на…

Посетителите евакуирани, врие полицијци и пожарникари: Пожар…

Пожар вечерва избувнал во подземниот паркинг на…

Приведени возачи кои возеле без дозвола, меѓу…

Во текот на изминатото деноноќие, на различни…

Москва ја прозва Холандија по нападот врз…

Руската амбасада во Хаг реагираше откако „Дестинус“…

Канал 13: Според Нетанјаху „нема начин да…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на затворени безбедносни…