ЕУ ѝ даде на Украина две милијарди евра финансиска помош
Украина прими 2 милијарди евра финансиска помош од ЕУ, што е прва транша од пакетот од 5 милијарди евра одобрен по почетокот на руската инвазија врз Украина. Ова го потврди украинскиот преиер Денис Шмихал.
„Дополнителните финансиски ресурси ќе помогнат во покривањето на буџетските трошоци, особено во социјалната и хуманитарна сфера“, напиша тој на сервисот за пораки Телеграм.
Шмихал рече дека Украина оваа година добила вкупно 4,2 милијарди евра макрофинансиска помош од ЕУ.
Украинската економија доживеа голем пад по рускиот воен напад што почна на 24 февруари. Поради тоа, западните земји, освен воена, ѝ пружаат и финансиска помош на Украина за да има пари за тековни трошоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…