Берлускони: Ако Украина влезе во НАТО ова ќе стане светска војна

t

Лидерот на партијата “Напред Италија”, поранешниот премиер Силвио Берлускони изјави дека влезот на Украина во НАТО ќе доведе до светска војна, пренесе новинската агенција ЛаПрес.

„Премногу често слушаме за акции со нуклеарни бомби. Господ да нè спаси од оваа опасност. Украина дури побара да влезе во НАТО. Ако влезе во НАТО, оваа војна ќе стане светска војна“, ги цитира агенцијата зборовите на политичарот.

Во разговор со сопартијците, Берлускони, според LaPresse, зборувал и за размената на подароци со рускиот претседател Владимир Путин, со кој имал долгогодишно пријателство. Во јуни, италијанскиот политичар со негодување изјави дека двапати му се јавил на Путин, но не добил одговор. Берлускони во април изјави дека е „разочаран и вознемирен“ од Путин поради борбите во Украина.


По средбата со парламентарците и објавувањето на нотата, Напред, Италија излезе со демант на оваа информација. Според извори во партијата, цитирани од весникот La Repubblica, Берлускони раскажал стара приказна од пред неколку години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…

Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…

Русија бара каков било изговор за да…

Свештеник почина по напад со нож во…

Еден свештеник почина, а уште четири лица…