Фајон: Членство на Македонија во ЕУ до 2030 година е реална и оправдана цел

t

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со потпретседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Република Словенија, Тања Фајон.

На средбата присуствуваа и претседателот на Групата на Собранието за соработка со Парламентот на Република Словенија, Александар Вељаноски, амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Н.Е. Милан Предан и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова.

Изразувајќи задоволство од денешната средба со наша долгогодишна пријателка и поддржувач од Република Словенија, претседателот Џафери се заблагодари за континуираната поддршка на Република Словенија во остварувањето на двете државни стратешки цели, членството во НАТО и во ЕУ во изминатите децении. Тој информираше за актуелниот процес на скрининг, на кој претходеше процесот на консултации и став на Собранието кон Владата за почитување на идентитетските особености на македонскиот народ и решавањето на билатералните прашања надвор од кластерите во текот на преговорите. На средбата стана збор и за целосното усогласување на државата со надворешната, безбедносната и одбранбената политика на ЕУ, како јасен показател за безусловните заложби и посветеноста на нашиот пат кон членство во Унијата.

Со нејзината прва официјална посета на Република Македонија на оваа функција, во година кога се одбележува 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, почитуваната Фајон ја потврди личната и државната определба за целосна поддршка на земјата на сите полиња од взаемен интерес. Истовремено, таа ги истакна потенцијалите кои постојат за соработка на билатерален план како на полето на економијата и образованието, особено во период на глобални промени кога се повеќе од потребни мерките за солидарност и заедничко делување. Особено задоволство искажа за актуелниот процес на скрининг и фактот што земјата има над 40 проценти усогласеност со законодавството на ЕУ, факт што ја чини зацртаната цел за членство на земјата во ЕУ до 2030 година реална и оправдана.

Соговорниците го поздравија претстојното потпишување на договорот со Фронтекс на македонски јазик, со кој постојните стравови се потврдуваат како неоправдани. За потенцијалите кои постојат во самата дијаспора, вклучително и студентската дијаспора во Словенија, беше заклучено дека треба да продолжат да се негуваат и унапредуваат и во иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…

ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…

Секој петти автомобил во ЕУ ќе функционира…

Српскиот литиум, привлекува големо внимание во последните…

Унгарија ја тужи ЕУ

Унгарија ја тужи Европската Унија, со цел…