Објавено на:

Црни прогнози на Блумберг: Америка сигурно оди во рецесија!

t

Рецесија сигурно ќе започне во САД во следните 12 месеци, според новите проекции на Блумберг.

Ова е во целосна спротивност со пораките на американскиот претседател Џо Бајден во пресрет на изборите во ноември, пренесува Индекс.

Најновите модели на веројатност за рецесија на економистите на Блумберг Ана Вонг и Елиза Вингер предвидуваат поголема веројатност за рецесија во сите временски рамки, со 12-месечна проценка за рецесија до октомври 2023 година на 100 проценти, во однос на 65 проценти колку што минатиот пат покажа моделот.

Додека можноста за рецесија во рок од 12 месеци според моделот достигна 100 проценти, шансите за рецесија да се случи порано исто така се зголемија.

Моделот предвидува веројатност за рецесија во рок од 11 месеци на 73 проценти, што е зголемување од 30 проценти во споредба со претходното предвидување на моделот, а веројатноста за 10 месеци се зголеми на 25 проценти од нула проценти.

Таа прогноза е многу лоша вест за Бајден, кој тврди дека САД ќе избегнат рецесија и дека доколку се случи, ќе биде блага. Со ова, како што пишува Блумберг, тој сака да ги убеди граѓаните дека економијата добро и оди под неговата администрација.

Од друга страна, растот на каматните стапки и инфлацијата ги побиваат неговите тврдења.

Моделот е посигурен за рецесија од другите прогнози. Истражувањето на Блумберг на 42 економисти предвидува дека веројатноста за рецесија во следните 12 месеци сега е 60 отсто, во однос на 50 отсто еден месец порано.

Економијата е главното политичко прашање за Американците во моментов, покажуваат анкетите, со избори за Сенатот и Домот за три недели.

Информациите дека САД ги очекува рецесија ќе им наштети на демократите, ќе го ослабне влијанието во Сенатот и Претставничкиот дом, а со тоа и самиот Бајден.

Иако податоците за вработеноста се многу добри, зголемената инфлација сè уште е најголемата грижа на просечниот граѓанин на САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американската амбасадорка привремено ја напушти Русија!

Амбасадорката на САД во Русија Лин Трејси…

Руската разузнавачка служба: САД му бараат замена…

Соединетите Американски Држави ги интензивираа напорите да…

Американски конгресмен: Америка може да испрати војска…

Во случај на пад на Украина, Соединетите…

Американскиот советник за национална безбедност: Не очекувам…

Новиот пакет воена помош за Украина, кој…

Бајден ќе воведе санкции и визни забрани…

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро…