Висок украински функционер предупредува: Русија може да отвори втор фронт од Белорусија!
Висок украински воен функционер изјави дека постои зголемена опасност Русија да отвори нов фронт во војната координирајќи се со Белорусија, користејќи ја за намалување на воените резерви на Украина.
– Расте заканата дека руските вооружени сили ќе ја продолжат офанзивата на северниот фронт, изјави Олексиј Хромов, висок функционер на Генералштабот на армијата, на прес-конференција во Киев.
– Овој пат, насоката на офанзивата може да се смени кон (западниот дел на) белоруско-украинската граница со цел да се отсечат главните логистички артерии за снабдување на Украина со оружје и воена опрема од земјите партнери, додаде тој.
Хромов рече дека украинските одбранбени сили „преземаат мерки за да обезбедат сигурно покривање на државната граница на Украина и градот Киев од север”.
– Во случај непријателот да одлучи да отвори таканаречен втор фронт, односно да изврши офанзивни акции од Република Белорусија, ние ќе бидеме подготвени за соодветен одговор, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…
Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…
Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…