Ирска европратеничка го “утепа” Борел: Тој е сикофантски расист – Мораме да му ставиме крај на неолиберализмот!

t

Ирската европратеничка Клер Дејли во Европарламентот Келр Дејли, го подбра високиот претставник на ЕУ, Жосеп Борел кој изјави дека „Европа е градина, а остатокот од светот е џунгла“.

– Мислам дека е иронично што темата на овогодинешниот Mеѓународен ден за „Искоренување на сиромаштијата“ е насловен „Достоинство за сите“, кога практично како што слушнавме пред некој ден, оваа седмица, дека Високиот претставник Борел му кажува на светот дека „Европа е градина и остатокот од светот е џунгла“.

Ова е сикофантски расизам и ароганција, која е оддалечена милион милји од достоинството! – Градина?

Па, 94,5 милиони луѓе се во опасност од сиромаштија или социјална исклученост – 21,7% од населението на ЕУ. – И, ова е тоа што Жосеп Борел го нарекува „градина“? – Модел на „социјална кохезија и економски напредок„? – Кога сите трендови одат кон поголема нееднаквост, а јазот помеѓу богатите и сиромашните се зголемува.

Во меѓувреме, во „џунглата“, како што ја нарекува Борел, е така како што е, токму поради голем дел на политиките водени од Европа и глобалниот капитализам.

Не можете да се справите со сиромаштијата без да се справите со фактот дека поголемиот дел од светското богатство е во сопственост и контролирано мал број луѓе, кое го користи за свое збогатување, наместо за потребите на мнозинството.

Треба да му ставиме крај на неолиберализмот, а луѓето да ги ставиме пред профитот!

ЛИНК од видеото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Дубаи уапсен лидер на ирски картел

Лидерот на еден од ирските картели, Даниел…

Македонија во изменет состав против Ирска

Македонската фудбалска репрезентација во вторник ја очекува…

Мицкоски: Се рангираме во петте најбрзо растечки…

Во првиот квартал на 2025 година, реалниот…

Невреме на британските острови: Откажани летови во…

Невреме во Велика Британија и Ирска предизвика…

Највисокиот дипломат на ЕУ го критикува Израел…

Западен Ерусалим покажа „ужасен недостаток на дистинкција“…