Треба да го викаат санкција: Зеленски воведе и за сопругата, ќерката и зетот на Сергеј Лавров
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја официјализира одлуката на украинскиот Совет за безбедност и Советот за одбрана за санкционирање на сопругата и ќерката на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Според документот објавен на веб-страницата на претседателот на Украина, Марија Александровна Лаврова (родена во 1950 година), и Екатерина Сергеевна Винокурова (поранешна Лаврова, родена 1983 година), санкционирани се на 10 години, пренесе ТАС.
Мерките вклучуваат рестриктивни мерки, како конфискација на имот и забрана за купување земјиште.
Санкции беа изречени и за зетот на Лавров, Александар Винокуров (роден 1982 година).
Зеленски досега воведе санкции за 2.507 физички лица и 1.374 субјекти од Русија, Белорусија и некои други земји.
На 9 јуни Зеленски воведе санкции и за својот руски колега Владимир Путин и други високи функционери од Русија, вклучително и Лавров, пренесе „Блиц.рс“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Си Џинпинг: Конкуренцијата меѓу Кина и САД…
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека…
Сузан Сарандон уапсена на протестот против Нетанјаху…
Холивудската легенда Сузан Сарандон беше меѓу уапсените…
Франција испраќа војници и ПВО во Саудиска…
Франција ќе распореди војници, радари и системи…
Британскиот премиер по 40 години го враќа…
Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека забраната…
Земјотрес вечерва стресе делови од Македонија –…
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија…