Урнебесно: Победнички подиум, Бугарија, Италија и Унгарија – Замисли од влада да ги местеле знамињата!
Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи откако пред неколку денови, словенечката министерка Тања Фајон, во Министерството за надворешни работи беше пречекана со знамето ан Словачка.
На фотографијата објавена од МНР од посетата на Фајон на масата покрај македонското, се гледа знамето на Словачка, наместо на Словенија.
Ваквата ситуација уште еднаш им послужи како материјал за забава на корисниците на социјалните мрежи, особено Фејсбук и Твитер.
Фејсбук страната “Мисија” објави фотографија од победнички подиум, од натпревар по некоја боречка вештина, каде се гледаат знамињата на Италја, Бугарија и Унгарија.
– Победнички подиум, Бугарија, Италија и Унгарија. А замисли од влада да ги местеле знамињата што ќе се случело… – напиша “Мисија”.

Ова не е првпат македонските власти да го утнат знамето. Претходно протоколот на Владата во неколку наврати потфрли на истата тема, а особено скандалозно беше кога тогашниот премиер Заев го пречека тогашниот австриски канцелар Себастијан Курц со знамето на Латвија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Амнести интернешнел“ ја повика Италија да го…
Италија треба да го прекине договорот со…
Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се…
Унгарија во денешниот несигурен свет има потреба…
Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…
Политиката се темели на разговори. Јас сум…
СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…
Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…
Ренесансни слики со непроценлива вредност украдени од…
Во музеј на Сицилија, украдени се четири…