Џамбаски со гаранција за Мицкоски: И денес не се откажуваме од идејата за Бугарија од Охрид до Црно Море и од Дунав до Бело Море

t

Европратеникот Ангел Џамбаски упати провокација и говор на омраза и на Денот на Македонскара револуционерна борба

– 129 години ВМРО ги брани бугарштината и бугарскиот интерес во Македонија. Нема да се откажеме зошто Македонија секогаш била и ќе остане бугарска, порача еврпратеникот Џамбаски од Софија.

Не смееме да заборавиме, додава тој во пораката, дека и денес Скопје води жестока политика на антибугаризам.

– Само последниве месеци видовме мрачен јазик на омразата, палење клубови, навредување на сè што е бугарско. Тоа е истата политика што се спроведуваше пред 70 години со прогон на свештеници, учители и офицери кои одбија да се нарекуваат Македонци и го чуваа споменот на прадедовците. Затоа, не смееме да ја прекинеме борбата. ВМРО помина низ многу тешки периоди, низ подеми и падови, но идејата за обединета и неделива Бугарија од Охрид до Црно Море и од Дунав до Бело Море секогаш била поддржувана, нагласи Џамбаски.

Европратеникот пораката ја упати од пред споменикот на загинатите револуционери од Македонија, Тракија и Одринско во Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димовски: Србија го следи примерот на македонската…

Политичките случувања и протестните движења во Србија…

УКИМ нема да остане без струја, МОН…

ЕВН Македонија и Министерството за образование и…

Селмани: Опозицијата сè уште се консолидира –…

Македонија има потреба од силна, организирана и…

Макрон бара повторно да се разгледа членството…

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на…

Деспотовски: Венко е супер доктор, но апсолутно…

Поранешниот директор на ТИРЗ и член на…