(Видео) Инфомакс ноќна мора за медарите: На Славевски му се пресекоа нозете кога не спомнаа, не знае колку лапнале адвокатите на Мицкоски од Водовод
Дека Инфомакс е ноќна мора за медарите потврдува и реакцијата на Трајко Славвески во гостувањето во емисијата “Во центар” со Васко Ефтов.
– Дали мене ми се допаѓа Инфомакс, или не, тие беа ударна тупаница на ВМРО-ДПМНЕ за избрите, со голема улога во целиот овој процес во изминатите три или четири години.
Се споменуваат некаде повеќе од 400.000 евра испумпани пари од адвокати, од Водовод и канализација, и ги споменува со име и со презиме кои се тие адвокати, како ги испумпувале парите, преку какви процеси се испумпувани парите и така натаму.
Се споменуваат две имиња, едното име е Дарко Џартоски наводно близок пријател на поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација, второто име е на Павлина Зехиќ која беше дел на шалена револуција, сега работи или работеше во адвокатската канцеларија на Панче Тошев, кој е претседател на статутарната комисија во ВМРО-ДПМНЕ.
И третото лице е Ружица Николова, која истовремено е адвокат но и истакнато лице на ВМРО-ДПМНЕ, активен член со низа прес-конференции во седиштето на партијата.
Ова го кажува Инфомакс,ова е класично фаќање со рачето во мед, 400.000 евра или 14.809.000 денари, вели Ефтов кој му посочува на Славевски да демантира доколку наводите не се точни и исто така “го поучува” дека како претседавач со Советот на Град Скопје може да побара финансиски извештаи за тоа како се трошеле парите во Водовод и канализација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вечерва „Тешки муабети“ со Оливер Андонов
Вечерва во 21.30 часот не пропуштајте ја…
Вечерва во 18 часот „Политиканти“ со Бујар…
Вечерва во 18 часот не пропуштајте ја…
(Видео) Фрчкоски: Францускиот предлог е подобар од…
Францускиот предлог е подобар од Преспанскиот договор,…
(Видео) Не е навреда ако навредува премиерот!…
Не е навреда ако навредува премиерот, без…
Вечерва во 21.30 часот „Тешки муабети“ со…
Не пропуштајте ја денешната епизода на „Тешки…