Маричиќ: Европската Унија останува со нас во време на криза

t

На состанокот со еврокомесарот Хан беше изразена поддршката и помошта што ќе ја даде ЕУ за надминување на енергетската криза, и потврдено дека Унијата останува со нас во време на светска криза, со што уште еднаш ја покажува солидарноста на дело.

-Со нашите докажани европски партнери и пријатели полесно и побрзо ќе ги надминеме кризите со кои се соочува цела Европа. Овие предизвици нè принудуваат да работиме заедно поинтензивно на обновливи извори на енергија, а од друга страна светската енергентска криза бара да почнеме со енергетско поврзување и градење на енергетска инфраструктура, рече Маричиќ на состанокот.

Одлична конструктивна средба вицепремиерот за европски прашања Маричиќ одржа со Петер Лаунски-Тиефентал, Генералиот секретар на Министерстото за надворешни работи на Австрија.

На состанокот соговорниците се согласија дека во овие моменти сојузништвото и обединетоста се најважни. Петер Лаунски-Тиефентал рече дека Австрија останува наш искрен поддржувач на евроинтеграциите и на напредокот во реформите, со цел процесот за членство во ЕУ да биде побрз и полесен за Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Продолжуваат провокациите од Софија: Бугарски бот…

На социјалните мрежи се појавија координирани објави…

Пленковиќ: Две држави членки на Европската Унија…

Две држави членки на Европската Унија ѝ…

Километарски редици за гориво на Бали: Индонезија…

Долги редици автомобили и мотоцикли, повеќечасовно чекање…

Иран наредил целосна воена мобилизација и највисока…

Иран наредил целосна воена мобилизација и ставање…