Гир: Фокусирајте се на реформи, не на референдуми за неприфаќање на уставни измени
Пристапниот процес во ЕУ не може да биде проект на една влада или една политичка партија бидејќи за него треба време, ќе трае. И ќе го поминат различни влади. Такво е искуството на сите земји, вели евроамбасадорот Дејвид Гир во интервјуто за „Слободен печат”.
На прашањето дали е зборувано со политичките партии околу уставните измени бидејќи без оглед колку реформи ќе направиме, ако уставните измени не поминат до наредната година, сѐ паѓа во вода, Гир вели дека Македонија треба да се фокусира на реформи наместо на референдуми.
– Не би рекол дека сѐ паѓа во вода, но имаше согласност за измена на Уставот и ако тоа се случи, земјата ќе премине во наредна фаза на крајот на скрининг процесот. Очекуваме дека така ќе биде, а ако не се случи, очекувам дека процесот ќе запре таму. Важно е дека нема вето, сѐ е во рацете на оваа земја. Земјава има добро досие за меѓуетнички односи и предложените измени ќе го зајакнат. Среќни сме да зборуваме со сите за реформите и за уставните измени. Се разбира, тоа е суверена одлука на државата, но фокусот треба да биде повеќе на другите реформи отколку на иницијативите како што е да не се прифатат уставните измени или референдумот. Политичките тела треба да ја преземат својата одговорност ако стратешката цел на земјата е да оди напред и да се приклучи на ЕУ, вели Гир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…