Гир не ги коментира големобугарските изјави на Џамбаски: За фашистичките клубови вели треба да се почитуваат “правата на другите”

t

Европамбасадорот во Македонија, Дејвид Гир, во интервју за “Слободен печат” вели дека нема да ги коментира изјавите на бугарскиот европратеник Џамбаски, како и изјавите на Ковачев и Костадинов кои се негаторски, асимилирачки и шовинистички за македонскиот народ.

Конкретно Џамбаски во неколку наврати повторува дека нема да се оркажат од идејата за Бугарија од Охрид до Црното Море, а со неговата изјава дека не постојат Македонци туку измислена македонска нација по Втората светска војна се согласуваат инеговите претходно споменати колеги.

 – Верувам дека ги следите изјавите на бугарските политичари и членови на ЕП кои се интензивираа во изминатиот период, вклучително изјавите на Џамбаски, Ковачев и на пратеникот Костадинов. Како вие реагирате на овие изјави?

– Пред сѐ, да кажам дека го видов соопштението од бугарското МНР за изјавите на Џамбаски дека не го рефлектираат ставот на бугарската Влада и повика на воздржување од ваков говор. Како дипломат нема да коментирам изјави на одделни политичари, но велам дека обврска на секого во јавниот живот во ваква ситуација е да промовира позитивни односи меѓу луѓето, позитивен однос меѓу двете земји и тоа е обврска на сите нас. Што се однесува до изјавата на пратеникот Костадинов, секогаш ќе има луѓе кои јавно ќе даваат изјави кои не се продуктивни, не помагаат за добри соседски односи. Некогаш изјавите може да помагаат некогаш да бидат многу навредливи. Но важно е дека сите ние правиме сѐ што можеме и во сечиј интерес да видиме позитивни односи.

Се помина ли границата со отворањето клубови и здруженија со имиња на соработници на фашизмот?

Многу луѓе ме прашуваат за тоа и, разбирам, луѓето се загрижени. Но, генерално оваа земја има добро досие за односите меѓу заедниците. Второ, важно е правата на различните заедници да се почитуваат во согласност со меѓународните закони. Во исто време треба секој да го почитува достоинството на другите и да има меѓусебно разбирање. Значи треба да се почитуваат правата на другите, но заедно треба да промовираат меѓусебно разбирање, а не поделби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Да имаше стабилна влада во Бугарија…

Портпаролот на коалцијата ВЛЕН, Фари Хисени вели…

Мали: Србија е на прво место по…

Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали…

Бугарија ќе ја добие втората жена премиер…

Бугарскиот премиер Румен Радев ја назначи Горица…

ЕУ: Украина има законко право да се…

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…

Се огласија од Бугарија: Мицкоcки манипулиpа, има…

Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е…