Ковачевски: Енергетската транспарентност е неопходна – Граѓаните секојдневно ќе се информираат за домашното производство на електрична енергија
Енергетска транспарентност е неопходнa и затоа, јавно и транспарентно, со граѓаните ги споделуваме информациите кои ќе се важни за справување со енергетската криза.
Почнувајќи од утре преку портпарол службата на Владата, на редовно ниво ќе се информираат граѓаните пред сѐ за домашното производство на електрична енергија преку енергетскиот биланс, но и за сите останати информации кои се од интерес на јавноста на оваа тема, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук.
– Доброто менаџирање на енергетската криза дава резултат. Домашното производство ги задоволува 100% од потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. За изминатото деноноќие АД ЕСМ произведе 11.335 MWh – во термоелектраните произведени се 8.824 MWh, а од обновливи извори, во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.511 MWh. Воедно, во моментов немаме никаква потреба од увоз на струја.
Ја следиме состојбата со енергетскиот систем и навремено ги преземаме сите неопходни мерки за негово ефикасно функционирање, вели Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Британците предупредија на уште една тешка зима
Сметките за енергија се очекува нагло да…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…