(Фото) Многу се вицкасти: Пробугарската Фондација Македонија повика Бугарите да ја купат целата македонска економија

t

Пробугарската Фондација Македонија повика Бугари да ја купеле македонската економија. Тие во објава на социјалните мрежи објаснуваат каков е пазарот на труд во Македонија.

„Помалку 700.000 луѓе работат на пазарот на труд во Северна Македонија, од кои околу 100.000 се донесени на работа, но не работат – земаат пари само како вработени во разни државни структури. Приватниот сектор вработува помалку од 500.000 луѓе“, пишува пробугарската Фондација Македонија.

Велат дека сега е време Бугарите да ги купат македонските акции, да ја купат целата македонска економија, сега и во следните 2 години, во кои вредноста на македонската економија ќе се намали за нови 30 до 45 отсто.

„Знаете дека во 21 век, кој ја контролира економијата контролира сè. Ние сме на потег. Очекувајте новости од Фондацијата Македонија и во оваа насока!“, се вели во Фејсбук објавата.

Оваа фондација и досега е позната во јавноста по своите контроверзни ставови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Продолжуваат провокациите од Софија: Бугарски бот…

На социјалните мрежи се појавија координирани објави…

Пленковиќ: Две држави членки на Европската Унија…

Две држави членки на Европската Унија ѝ…

Километарски редици за гориво на Бали: Индонезија…

Долги редици автомобили и мотоцикли, повеќечасовно чекање…

Иран наредил целосна воена мобилизација и највисока…

Иран наредил целосна воена мобилизација и ставање…