Кривични пријави за полицајци: Примале мито за да не пишуваат казни
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против полициските службеници Б.В. и Х.З. , вработени во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од КЗ на РСМ.
-Имено, пријавените на 25.09.2022 при вршење на сообраќајна контрола на ул. Димитрија Чуповски во Скопје, од оштетениот Г.Ј. побарале и примиле поткуп за да не извршат службено дејствие кое биле должни да го извршат, односно за да не изготват прекршочен платен налог за констатиран сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, информира МВР.
Против полициските службеници е покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување од работното место до завршување на постапката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава: Незаконски продавале отпад од ,,Тутунски…
Од МВР информираат дека се поднесени кривични…
МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Повеќе лица меѓу кои и две жени…
Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…
МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…
Министерството за внатрешни работи денеска упати апел…
60 пијани возачи се казнети за само…
Сообраќајната полиција синоќа за само шест часа,…