ЕСМ произведува 100% од дневните потреби на граѓаните на Македонија

t

Виктор Андонов, советник за енергетика во Владата го претстави енергетскиот биланс за производство на електрична енергија за 25.10.2022 година кој покажува дека домашните капацитети 100% ги задоволуваат дневните потреби на граѓаните и малите потрошувачи.

Имено, дневното производство на електрична енергија на ЕСМ изнесува 11.083 мегават часови произведена електрична енергија од кои во термоелектраните произведени се 8.940 мегават часови на електрична енергија, додека од хидроелектраните и ветерниот парк во Богданци кои се обновливи извори на енергија произведени се 2.143 мегават часови на електрична енергија.

Андонов истакна дека состојбата се следи на дневно ниво и дека редовно ќе биде споделуван со јавноста овој енергетски биланс и упати апел до граѓаните да бидат рационални во потрошувачката и дека секој заштеден киловат час електрична енергија придонесува за добро функционирање на енергетскиот систем и избегнување на најцрното сценарио, а тоа се рестрикции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ ќе се задолжи 30 милиони евра…

Државната енергетска компанија „Електрани на Северна Македонија“…

Жељазков: Евтината енергија е услов за подобар…

Премиерот на Бугарија, Росен Жељазков присуствуваше на…

Мециновиќ до Лабудовиќ: Дали ќе ги разрешите…

Како причина за крахот на 18 мај…

ЕСМ изнајмува механизација за РЕК Битола за…

АД ЕСМ изнајмува машини за потребите на…

Неофицијално: Ова се дел од имињата опфатени…

Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ и…