(Фото) Ковачевски ја пречека Урсула Фон дер Лајен со највисоки државни и воени почести!
Со највисоки државни и воени почести доцна попладнево во Скопје беше пречекана претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

Фон дер Лајен ја започнува балканската турнеја токму од Македонија каде денеска беше пречекана од владината делегација предводена од премиерот Ковачевски, а во чиј состав се и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши.

Фон Дер Лајен и Ковачевски ќе разговараат за енергетската криза, состојбата во Украина, и пристапните преговори на Македонија со Европската Унија.

После Скопје, Фон дер Лајен ќе отпатува во Приштина и Тирана во четврток, Сараево и Белград во петок и во Подгорица во сабота.




ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…
Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…