Орбан: Унгарија ќе добива струја од Азербејџан, преку Грузија и Романија

t

Долгорочното решение за актуелната енергетска криза е Европа да набавува што е можно повеќе енергија од што е можно повеќе правци, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, по потпишувањето на договорот за стратешко партнерство со неговиот грузиски колега Иракли Гарибашвили во Будимпешта.

Во заедничката изјава за печатот, Орбан изјави дека поголемата понуда ќе ги намали цените на енергијата, што е во фундаментален интерес на Унгарија, бидејќи земјата „се бори со инфлацијата, која во голема мера е предизвикана од високите цени на енергијата“, пренесува агенцијата „МТИ“.

Се формира ново големо енергетско партнерство за кое Унгарците имаат посебен интерес, додаде тој, прецизирајќи дека планот е да се воспостави нов голем далноводен систем кој преку Грузија и Романија би испорачувал струја од Азербејџан до Унгарија.

Според него, тој систем би можел да ги замени големите количини природен гас што Унгарија во моментов ги користи за производство на електрична енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тепачка меѓу навивачите на Работнички и МЗТ…

Физичка пресметка меѓу навивачките групи „Сити Парк…

Техеран тврди: Саудискиот министер за одбрана предупредил…

Иранскиот шеф за национална безбедност, Мохсен Резаи,…

Тврдења за обид да се спречи слетувањето…

Во Полска се појавија медиумски тврдења дека…

Масовна тепачка пред СЦ „Јане Сандански“во Аеродром,…

Масовна тепачка вечерва се случила на крстосницата…

Русите имаа огромни суми пари кај нас:…

Работата на Алта банка по изборите беше…