ЦУК: Под контрола пожарот на влезот во Битола
Центарот за управување со кризи информира дека денеска во 15:00 часот е пријавен пожар на запалена сува трева и трска спроти бензинска пумпа Пелагонија Петрол (поранешна Тулана) на влезот во Битола од страна на Прилеп.
-Пожарот е под контрола и нема можност од негово ширење, наведуваат од ЦУК.
Во гаснењето на пожарот интервенираат двајца пожарникари со едно противпожарно возило.
Од страна на командирот на ТППЕ Битола побарано е исклучување на електрична енергија на наведената локација за да можат пожарникарите непречено да интервенираат. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама ги отфрла повиците за оставка додека…
Албанскиот премиер Еди Рама ги отфрли повиците…
„Барбов, Филипче и Заев дополнително се зеплеткаа…
„Сакајќи да се извлечат од случајот со…
Трамп: Зеленски не е вистинската личност, со…
Претседателот на САД, Доналд Трамп обновените украински…
Мицкоски: Можно е решение со Софија, но…
Можно е да се постигне договор со…
Интернет користат 93,7 проценти од граѓаните на…
Во првото тримесечје од 2026 година, 93,7…