Пентагон: Нашето нуклеарно оружје има за цел да одврати каква било форма на стратешки напад
„Тоа вклучува употреба на нуклеарно оружје, без оглед на нивната сила, и вклучува напади од многу големи размери од стратешка природа со употреба на ненуклеарни средства”, изјави за новинарите висок претставник на американската одбрана.
Претставникот на Пентагон објасни дека целта на новиот пристап е да се отежни носењето одлука на противниците во време кога Русија ја обвинува Украина дека се подготвува да употреби „валкана” бомба.
„Русија ја изврши својата агресија врз Украина под нуклеарна закана, со неодговорни изјави, нуклеарни вежби спроведени на нерегуларни датуми и лаги за потенцијална употреба на оружје за масовно уништување”, се вели во документот, објавен заедно со новата стратегија за одбрана на САД.
Во време кога САД очекуваат скорешно нуклеарно тестирање на Северна Кореја, Пентагон предупредува дека севернокорејскиот нуклеарен напад ќе биде „крајот на режимот” на Ким Џонг-ун.
„Секој нуклеарен напад на Северна Кореја врз САД или нејзините сојузници и партнери ќе биде неприфатлив и ќе доведе до крај на тој режим”, соопшти Пентагон. „Не постои сценарио во кое режимот на Ким би можел да употреби нуклеарно оружје и да преживее”, се додава во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николова до Јаневска: Зошто се намалуваат критериумите…
Пратеничката на СДСМ Даниела Николова во рамките…
Арсовска за Николоски: Пренесете му на неписмениов…
Ќе му пише ли некој на неписмениов…
Богојески ќе предава на Воена академија
Неодамна разрешениот по барање на Брисел директор…
Експлозија во касарна во Германија, едно лице…
26-годишен маж загина во експлозија на земјиштето…
Адеми: Османи за македонскиот јазик го постигна…
Инсистирањето на Владата на Северна Македонија да…