Макрон вети дека ќе засади една милијарда дрвја за 10 години

t

Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе засади една милијарда дрвја за 10 години откако во текот на летото пожари опустошија многу шуми, особено во југозападна Франција. Тој најави и дека ќе инвестира 250 милиони евра во реновирање на авионите и хеликоптерите што се користат за гаснење пожари.

Тој зборуваше на церемонијата во Елисејската палата за наградување на пожарникарите, волонтерите и претставниците на локалните власти кои учествуваа во борбата против шумските пожари. Пламените јазици опустошија 72.000 хектари земја – шест пати повеќе од вообичаено на годишно ниво во последните 10 години, истакна Макрон.

По невообичаено топло лето и есента во Франција и Шпанија е исклучително топла. Затоа, загриженоста поврзана со климатските промени во Европа се зголемува. – Оваа година е исклучок, но можеби нема да изгледа како исклучок во иднина, изјави денеска Макрон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…