Страшно сценарио на Кутев за Бугарија: Ако сега не се формира Влада нема ни во следните десет години
Ако сега не се формира влада во Бугарија, тоа нема да се случи ни за 10 години. Таков став објави портпаролот на службениот владин Кабинет Антон Кутев, во изјава за бугарската телевизија Нова.
„Во бугарската историја се случило во третиот мандат да не се формира влада. Најважно е луѓето во парламентот да сфатат дека мора да има стабилна влада. Тие што треба да владеат не го прават ова. Тие прават нешто друго. Во парламентарна република, политичкиот систем мора да биде управуван од парламентот. Кога имаме проблем таму, она што се случува е нешто што не сме го виделе 35 години. На претседателот и техничките им се бара да сносат одговорност, а тие треба да бидат само механизам за поддршка“, објасни Кутев
Според него, во моментов претседателот преку преодната влада, добро или лошо, во голема мера управува со државата.
„Претседателот прави се за да се одложат разговорите, бидејќи партиите не се подготвени“, додаде портпаролот на бугарската техничка влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…