Задолжителното осигурување на посевите е нов удар за земјоделците: Нема да спречи град, суши и поплави
Задолжителното осигурување на посевите е нов удар за индивиндуалните земјоделци, реагираат од Левица.
– ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО ОСИГУРУВАЊЕ НА ПОСЕВИТЕ – НОВ УДАР ВРЗ ИНДИВИДУАЛНИОТ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ
Владата на Република Македонија најави дека во тек е изработка на Закон за задолжително осигурување на земјоделските посеви, добитокот и пчелните семејства, како услов за земјоделците да си ги земат субвенциите од страна на државата.
Како и многу пати досега, оваа Влада се оградува од своите задачи, обврски и одговорности, па истите ги префрла на товар на индивидуалните земјоделци
Задолжителното земјоделско осигурување нема да спречи појава на град, суша, поплава и други непогоди, туку нив ќе ги спречат ефикасни градобијни системи, квалитетна мрежа за наводнување и одводнување, односно исчистени канали во полињата.
Во услови кога во светот цената на храната од ден на ден е се поскапа, кога нејзината количина е лимитирана, должност на Владата е да им помогне на земјоделците слободно да произведуваат и со превентивни мерки го заштити производството на храна, а не да ги уценува со задолжително осигурување како услов за исплата на субвенции.
Левица согледувајќи ги маките со кои се соочува работниот народ и земјоделците, во својата програма има предвидено низа превентивни мерки од временски непогоди како: инсталирање на модерни градобијни системи, модернизација на мрежите за наводнување со инсталации на системи ‘капка-по-капка’ за економично ракување со водата и инвестиции во антифрос системи.
Програмата на Левица предвидува и задолжително пензиско и здравствено осигурување на земјоделците кое ќе биде на товар на државата, велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Левица“: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од…
Политичката партија „Левица“ преку соопштение обвинува дека…
Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…
Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…