(Фото+видео) НАТО ќе не’ брани од манијаци, Урсула да донесе кубик дрва: Герила акција на студентите во СД “Стив Наумов”!
Студентите сместени во студентскиот дом „Стив Наумов” и уште многумина други од останатите домови во Скопје, испратија неколку пораки до надлежните институции и јавноста, пренесува Антропол.
Од нивните пораки испратени на анонимен и креативен начин и видео записите од домот, може да забележите во какви услови живеат, со какви проблеми се соочуват и какви притисоци имаат.
Руинарани тоалети, ладни радијатори, ладна вода, влага, мувла се само дел од секојдневната глетка која ја имаат студентите кои се сместени во студентските домови.
Студентите велат дека надлежните институции се неми и одговори нема, притоа сакаа да останат анонимни, поради можноста за соочување со санкции, закани и исклучување од домот.
На крај порачаа дека ова е крајно време и повеќе нема да молчат. Доколку институциите во најкраток рок не превземат нешто за решавање на нивните проблеми, тие најавија и порадикални форми на отпор.






ЛИНК од видеото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентите бараат достоинство, а не привилегии, вели…
Амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Мејдани,…
Вреди: ДУИ ги злоупотребува студентите за да…
Вреди обвини дека дел од студентските протести…
„Или тие, или ние“ – Студентски протест…
Во Нови Пазар денеска се одржува голем…
Студентите во Србија најавуваат нови протести
Пo големиот комеморативен митинг одржан на 1…
Студентското собрание при УКИМ се извини за…
Во објавата на официјалниот фејсбук-профил на УСС…