Потпишан договорот за интерконекција: Македонија ќе може да се снабдува со гас од Бугарија
Бугарскиот оператор за пренос на гас „Булгартрансгаз“ ЕАД и операторот на системот за пренос на гас на Република Македонија „ГА-МА“ АД потпишаа договор за интерконекција на точката Ќустендил/Жидилово. Така, Македонија доби можност да ги диверзифицира испораките на гас, јави репортерот на БГНЕС.
Договорот го потпишаа Владимир Малинов, извршен директор на „Булгартрансгаз“ и Александар Арсиќ, извршен директор на операторот на системот за пренос на гас на Република Македонија „ГА-МА“ АД.
Владимир Малинов истакна дека овој договор е резултат на долгогодишна работа. „Со овој документ се дава дополнителна можност за алтернативно снабдување со природен гас на РМ и се дава можност и за користење на складиштето, чиј сопственик е Булгартрансгаз“, нагласи тој. Малинов прецизираше дека на годишно ниво количината на природен гас што ќе поминува по трасата е околу 500 илјади кубни метри дневно и околу 180-200 милиони кубни метри годишно.
Извршниот директор на македонскиот оператор Александар Арсиќ истакна дека со овој договор РМ се стекнува со либерализација на природниот гас. „Ова е историски ден меѓу двете земји“, додаде тој.
Документот беше потпишан во присуство на в.д. министер за енергетика Росен Христов, министерот за економија на Република Македонија Крешник Бектеши и амбасадорката Агнеса Руси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Фајненшл тајмс“: Русија може да изврши нуклеарен…
Русија ја обучила својата морнарица да насочува…
Советот на Европа ја повикува Бугарија да…
Комесарот за човекови права на Советот на…
Детали за трагедијата во Бугарија: Детето го…
6-годишно дете го уби татко си во…
Трагедија во Бугарија: 6-годишно дете по грешка…
6-годишно дете по грешка го уби својот…
ВЛЕН: Да имаше стабилна влада во Бугарија…
Портпаролот на коалцијата ВЛЕН, Фари Хисени вели…