Од сите страни сардисани: Германија ја повика Србија да направи избор меѓу Европската унија и Русија!
Германија ја повика Србија да направи избор меѓу Европската унија и Русија, пишува Велт, повикувајќи се на портпаролот на германската влада.
„Потребата да се донесе одлука станува се поакутна во врска со геополитичките настани“, се вели во соопштението.
Одлуката на Белград да склучи договор за проширување на соработката со Москва го изненади и разочара Берлин. Германските власти очекуваат земјите кандидати за членство во ЕУ да ги поддржат санкциите против Русија, се вели во написот.
Освен тоа, Германија престана да ја поздравува неутралноста на српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Доколку Вучиќ одлучи да ја води својата земја кон ЕУ, ќе има поддршка од федералната влада.
Вучиќ во октомври рече дека Белград нема да ги поддржи санкциите против Русија додека не постои егзистенцијална закана за Србија. Министерот за надворешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ истакна дека земјата се соочува со најсилниот притисок од Западот од агресијата на НАТО во 1999 година, но дека Белград тргнува само од сопствените национални интереси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…
Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…
Србија не побара помош од ЕУ за…
Србија не го активирала Механизмот за цивилна…
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Земјотрес ја погоди Србија
Земјотрес со јачина од 3 степени според…
(Видео) Страшно невреме во Германија: торнадо корнеше…
Силно невреме вчера зафати делови од Германија…