Ни “р” од реформи: МОН нема отчет за кредитот од 21,5 милиони евра на Царовска!
МОН нема отчет за кредитот од 21,5 МИЛИОНИ ЕВРА, реагираат од Левица.
– Претходната министерка за образование, Мила Царовска, ја задолжи државата за 21,5 милиони евра на име реформи за образование. Парите од тој кредит немилосрдно се раскрчмуваат, а ниту таа, ниту актуелниот министер Шаќири немаат дадено отчет каде, како и на што се трошат.
Иако споменатиот кредит првично беше одобрен на име долгорочен развој на образованието, две години подоцна – ги нема парите, но нема ни развој, туку напротив, образованието никогаш не било во полоша ситуација.
Место да инвестира во долгорочен развој, министерот Шаќири троши половина милион евра за скрипти, или „привремени учебници“, како што тој ги нарекува.
Политиката на Царовска како една од најнеспособните кадри е депласирана, а министерот Јетон Шаќири не понуди ништо ново.
Оттука, неминовно е прашањето дали Шаќири воопшто има претстава во која насока се движи образованието во државава, или единствено е во тек кој сопартиец /коалиционен партнер ги добива тендерите, па макар истото да значи дека училиштата ќе делат свидетелства на 31 август, а учебници на 31 декември?
Министерот Шаќири мора итно да даде отчет пред јавноста каде и како се трошат 21,5 милиони евра пари на граѓаните, колку што е задолжена Македонија на име реформи во образованието! – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…
Присуството на Левица на јавната трибина „Што…
Општина Центар два месеца не издала одобрение…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…
АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…
Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…
МОН го повлекува предметот Сексуално образование од…
Изборен предмет Сеопфатно сексуално образование во средно…