Костов: Постојат илјадници документи дека Гоце Делчев е Македонец! Не постојат македонски Бугари!

t

Стотици и илјадници документи постојат дека Гоце Делчев бил Македонец.

Јас дојдов со една мисла вечерва дека сум јас еден микс на сиромашни и глупи, немам ништо да докажувам ама ќе ги изнесам документите кои ги бараш, започна Сотир Костов во денешното гостување на “Само вистина”.

– Да се разбереме, не постојат македонски Бугари. Постојат Бугари кои живеат во Бугарија, соседните земји и целиот свет. Никојпат не сме бил еден народ! Напамет зборуваш кога велиш дај ми документ, Бранислав Светозаровиќ направи една епохална книга, вика “Македонци – Милениумски сведошства за македонското име”, над 1000 докази материјални, докази пишувани дека не сме бике ниту Бугари, ниту Грци, ниту Срби, ниту Албанци. Сме биле под ропство, не владееле, се обидувале да влијаат врз македонскиот народ и во мал процент, промил успеале.

Во Охрид дошле сите полицајци, сета жанадрмерија, војската, кралот, минситрите бугарски создале 26 здруженија на млади мажи, жени, спортисти и се обиделе да ја сменат македонската свест. Временската дистанца покажа дека успеале кај , многу малку, никогаш не бил Охрид бугарски, вие одите само до Илинденско востание, пред неког има други. Разловечко, знамето вика Македонија, лав и пишува “Станете да се ослободиме”. Пишува која година е. Немој да чажеш, ова е македонско знаме!

Македонското востание, две години после ова, еве го печатот, што пишува? Македонско востание! Дедо Иљо Малешевски и Поп Георгиев Беровски.

Еве ги знамињата на илинденските востанија во Куманово, оридско, струшко, да им кажам на гледачите, на сите пишува Македонија, МАКЕДОНСКО ВОСТАНИЕ 1903 година! – вели Костов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден Стpaтег, една Струмичка Барбика и немopaлна…

Колумната е кратка приказна за селските и…