(Видео) Зеленски изгуби нерви: Какво преговарање? Испукаа 54 ракети на нас, може ли да се преговара со Русите?!
Нема време за дипломатија, Русите лажат кога велат дека сакаат мир. Како да преговараме ако во еден ден испукаа 54 ракети? – вели украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Немаме време за дипломатија. Тие лажат, тоа не е дипломатија. Кога велат дека сакаат дипломатски врски и прекинување на војната, тоа е лага. Вчера кажаа дека се спремни, а дека Украина не е спремна, но денес на нас испукаа 54 ракети. Луди се. Болни во главата. За што зборуваат, ако не напаѓаат со 54 ракети за половина ден? Мислам дека живеат на друга планета“, рече Зеленски.
Новинарот го праша дали тоа значи дека нема компромис, туку само победа, на што украинскиот претседател одговори:
„Не е прашање на компромис, нормално дека само победа се важи. Но, треба да направат неколку чекори наназад“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Зеленски го повика Западот на обединет фронт…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…
Зеленски им порача на критичарите „да одат…
Од лидерот беше побарано да одговори на…
Зеленски му пријде на Орбан очи во…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…
Зеленски ќе се сретне со Бајден
Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени…