(Документ) Левица бара разрешување на директорката на битолското училиште чии ученици беа претставени како истомисленици на Ванчо Михајлов
Политичката партија Левица упати барање до градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, да ја разреши директорката на средното училиште чии ученици во Бугарија беа претставени како истомисленици на Ванчо Михајлов.
– ЛЕВИЦА ИСПРАТИ БАРАЊЕ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЖАНЕТА СЕРВИНИ ОД ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА СОТУ ” ЃОРЃИ НАУМОВ” – БИТОЛА
Ученици предводени од директорката на средното училиште “Ѓорѓи Наумов” Жанета Сервини и заменик директорот Љупчо Здравковски, злоупотребени и претставени како истомисленици на бугарскиот фашистички клуб ” Ванчо Михајлов” заминале на предавање во разговор со Милен Врабовски, донатор на фашистички центар за култура и основач на Бугарската фондација “Меморија”
Фондацијата „Бугарска меморија“ на својот Фејсбук профил и на официјалната интернет страница објави вест дека студенти од Македонија кои се истомисленици на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“од Битола отишле на дводневна посета на Софија како составен дел од програмата за градење добрососедски односи и претставување на бугарската историја
Како Градоначалник на Општина Битола ве повикуваме да ја разрешите Жанета Сервини од функцијата директор веднаш!
Во спротивно ќе сметаме дека свесно поддржувате негување на фашизам во нашиот град, напишаа од Левица-Битола на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
Левица: Директорот на Детската клиника и неговиот…
Левица бара од министерот за здравство, Арбен…
Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла
Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат…
Левица: Слободата на Груби е колективен договор…
Слободата на Груби е колективен договор на…
Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…
ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…