(Фото) Пожар во зградата на “Технометал Вардар” на улица Македонија!

t

Пожар изби во зградата на „Технометал Вардар“ што се наоѓа во центарот на Скопје, на улица Македонија веднаш до седиштето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Станарите од околните згради во 17 часот и 10 минути пријавиле во Бригадата за противпожарната заштита на Град Скопје, кои веќе се на терен и интервенираат за гаснење на пожарот.

Пожарникарите на терен велат дека се уште не ја знаат причината за настанувањето на пожарот. Тој избувнал во влезот на зградата и не се проширил нагоре.

Противпожарното возило немаше директен пристап до зградата, па остана паркирано меѓу „Белата палата“ на ВМРО – ДПМНЕ и видеобимот поставен наспроти зградата. Пожарникарите со рачна опрема го гасеа поголемиот дел од пожарот.

Зградата е напуштена, канцеларите испразнети, од нив се речиси сите прозорците извадени како и алуминиумските рамки.

Извор: Радио Слободна Европа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани

Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…