Нови 2000 работни места: Бројот на вработени во ТИРЗ надмина 16.000
Во првите десет месеци од годинава во компаниите во ТИРЗ се отворени над 2000 нови работни места, а бројот на вработени за првпат се искачи над 16.000. Ова е зголемување за 16 отсто за една година, а само во октомври се отворени речиси 500 нови работни места, покажува редовната месечна анализа на Дирекцијата на ТИРЗ.
-Позитивниот тренд на раст од почетокот на годинава продолжува и во однос на извозот и увозот. Заклучно со октомври извозот од ТИРЗ порасна на 3,122 милијарди евра, со што го надмина минатогодишното ниво на извоз од 3 милијарди евра за една година што беше рекордно ниво досега од постоењето на зоните. Анализата покажува дека извозот во првите 10 месеци од годинава е за 26 проценти повисок од 2021, односно за 50 проценти повисок споредено со истиот период во 2020, се наведува во анализата.
Од јануари до октомври 2022 година, пак, регистриран е увоз од 2,806 милијарди евра што е за 15 проценти повеќе во однос првите десет месеци од 2021, односно за 43 проценти споредено со 2020. Заклучно со октомври и нето извозот е 11,25 проценти, што меѓу другото се должи на зголемените инвестициски активности во зоните и зголемениот број на работни места.
Според анализата, позитивните економски движења се резултат од ефектите од новиот концепт на ТИРЗ, а се очекува ваквиот позитивен тренд да продолжи до крајот на годинава.
-Од почетокот на спроведувањето на овој концепт, во изминативе 20 месеци се постигнати договори од над 620 милиони евра, а истите треба да донесат над 5000 нови работни места, наведуваат од Дирекцијата за ТИРЗ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска протест на вработените во Македонски Пошти
Вработените на АД Пошта денеска во сите…
Мицкоски: Инвестиција од 400-500 милиони евра во…
Мицкоски најави голема инвестиција од 400-500 милиони…
Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат…
Во Европската унија во 2023 година, 7,1…
Бруто платата во ТИРЗ во март 2024…
Анализата на ТИРЗ покажува дека просечната бруто…
(Видео) Скандал со непотизам во Охрид: Вработени…
Објавуваме скандал со непотизам во општина Охрид,…