(Видео) Вработени во ЕВН со хебла кршат врата од зграда за да влезат внатре
До редакцијата на Инфомакс пристигна видео од зграда во населбата Хиподром 2 во Општина Гази Баба каде според кажувањата на жителите и снимката од безбедносна камера, вработени во ЕВН со хебла отвораат врата од зграда.
Настанот се случил на 17.07.2026 година на улицата Родна Бурева во Хиподром 2, каде вработените во 12 часот и 45 минути со хебла ја оштетуваат вратата и влегуваат во зградата. Настанот е пријавен во МВР, од каде ја потврдија информацијата дека имаат евидентирано таков случај.
– На 27.07.2026 во СВР Скопје пријавено е дека на 17.07.2026 околу 12:45 часот на ул.„Родна Бурева“ од страна на вравотени од ЕВН извршено било оштетување на влезна врата од зграда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. – велат од МВР за Инфомакс.
Од ЕВН кратко ни одговорија дека засега не можат да коментираат.
– Електродистрибуција соработува со сите надлежни институции со цел целосно утврдување на околностите. До завршување на постапките, не сме во можност да споделиме дополнителни информации, стои во одговорот.
Видеото во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…
Со цел да не се шират шпекулации…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…
Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…
Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…
Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…