Левица: Мнозинството во Советот на Штип ја одби иницијативата за санација на оштетените спомен обележја на “Исар”

t

Иницијативата за санација на оштетените спомен обележја на локацијата Исар во Штип, предложена од страна на советникот од Левица, Ангеле Михајловски, НЕ беше поддржана од страна на мнозинството советници во Советот на Општина Штип, информитаат од Левица-Штип.

– Иако според член 18 став 1 од Законот за меморијални споменици и спомен обележја, Општина Штип е надлежна и должна да се грижи за состојбата на спомениците кои на нејзина територија.

Во своето излагање советникот Михајловски ги посочи причините поради кои овие спомен обележја се во очајна состојба, но и предложи решение како во иднина да се заштитат од несакани човечки влијанија:

„Предлогот за донесување на одлука за санација на меморијалните споменици на локацијата Исар, беше поднесен како резултат на долгогодишното неводење сметка на локалните власти за очајната состојба во која се наоѓаат овие спомен обележја.

Сакам да напоменам дека во иницијативата која ја предложив, стои и дека од превентивни причини се предлага поставување на безбедносен видео надзор на посочената локација, за во иднина ваквите појави на сквернавење на спомен обележјата во Општина Штип да бидат сведени на минимум.

Затоа предлагам оваа иницијатива да се поддржи со што ние како народни советници ќе покажеме дека навистина се грижиме за она што претставува културно наследство и почит кон оние кои се бореле и ја создале оваа држава во која ние денес мирно живееме.“, рече советникот на Левица, но мнозинството во Советот ја одби неговата иницијатива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Разбојник нападнал и ограбил девојче во Штип

Во случај забележан во ист ден и…

Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…

Трошоците за живот растат од ден во…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…