(Фото) Спасовски се сретна со Македонците во Швајцарија: Мило ми е што посетата ја почнувам тука меѓу своите
На покана на свештенството и на Црковниот Одбор, навистина ми е задоволство што работната посета на Швајцарија ја започнувам тука, меѓу своите, во македонската православна црква „Св. Наум Охридски” во Тринген, место кое нè обединува, како наш македонски белег, дел од традицијата која Македонците тука ја негуваат со години наназад, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.
– Благодарност до нашите граѓани Македонци, исселеници во Тринген, за можноста да се видиме и да разговараме за потребите и активностите кои се спроведуваат во насока на подобрување на условите за живот. Особена благодарност до амбасадорот во Берн во Швајцарската Конфедерација, г. Кенан Рамадани и г-ѓа Мелехат Муфтаровска, министер советник во амбасадата во Берн, за нивните напори да се реализираат сите активности од значење за нашите граѓани тука.
Продолжуваме со средбите со наши граѓани при работните посети во странство во согласност со нашето мото – „Го слушаме гласот на сите, секој еден е важен!” – напиша Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВРЕДИ: Очекуваме Минчев да ги поништи огласите…
Кадрите на ЗНАМ имаат погрешна проценка дека…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Многу успех! Ултрамаратонецот Тони Манев ќе ја…
Ултрамаратонецот Тони Манев од Штип веќе шест…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Ново видео од пцовките на Даку…
По обидот за извинување од страна на…