Османи утре патува во Софија: Ќе се сретне со бугарскиот премиер
Шефот на дипломатијата Бујар Османи од утре ќе престојува во дводневна работна посета на Софија за време на која ќе има средби со неговиот бугарски колега министерот за надворешни работи, Николај Милков, со премиерот Галаб Донев, како и со лидерите на главните партиите застапени во новото бугарско Собрание.
Како што соопшти МНР, Османи ќе се сретне со Бојко Борисов од ГЕРБ, Кирил Петков од Продолжуваме со промената, Мустафа Карадај од Движењето на правата и слободите, Корнелија Нинова од Бугарската социјалистичка партија, Христо Иванов од Демократска Бугарија и со Стефан Јанев од Бугарски подем.
-На средбите се очекува да бидат отворени темите за актуелностите поврзани со билатералните односи меѓу двете земји, исполнувањето на преземените обврски со Протоколот и Договорот за пријателство, актуелните геополитички предизвици и сојузништвото во НАТО, како и можностите за продлабочување на економската соработка, наведуваат од МНР.
Во рамки на посетата, Османи, заедно со домаќинот Милков ќе учествуваат и на тркалезна маса што ја организира Центарот за проучување на демократијата во Софија, на тема „Промовирање на конструктивен капитал во Бугарија и Македонија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…