Објавено на:

Што била работата – Подољак: Ќе преговараме ама не со Путин, туку со следниот руски лидер

t

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак денеска на твитер изјави дека Киев никогаш не одбил да преговара со Москва и дека е подготвен за разговори со идниот руски лидер, но не и со Владимир Путин.

Коментарите на Михаило Подољак на Твитер уследија по саботниот извештај на Вашингтон пост дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ги охрабрува украинските лидери да сигнализираат дека се отворени за преговори со Москва, објави Ројтерс.

Украина никогаш не одби да преговара. Нашата преговарачка позиција е позната и отворена – напиша Подољак на својот Твитер профил, порачувајќи дека Русија прво треба да ги повлече своите војници од Украина.

„Дали Путин е подготвен? Очигледно не. Затоа, ние сме конструктивни во нашата проценка: ќе разговараме со следниот руски лидер“, рече Подољак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: Мицко нè турна кон Путин

Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…

„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…

Москва има детален план за напад на…

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…