Шефот на американските нуклеарки: Ќе биде големата и тоа многу скоро!
„Ќе биде големо, и тоа многу скоро. Ќе бидеме тестирани на начини на кои не сме биле тестирани подолго време. Ова во Украина ми се чини само како загревање,“ злокобно прогнозираше адмирал Чарлс Ричард, шеф на американската стратешка команда одговорна за нуклеарните капацитети.
Предупредувањето дојде откако во најновата верзија од нивната доктрина уште еднаш се наведе дека тие имаат право да нападнат први. Таму стои и дека поентата на американскиот нуклеарен арсенал е „да одвраќа стратешки напади, да биде гаранција за сојузниците и партнерите, и да постигнува државни цели доколку одвраќањето не успее“.
„САД би ги зеле предвид нуклеарките само во случај на екстремни околности, за заштита на виталните интереси: своите, на Алијансата или на партнерите,“ се порачува во документот.
Истовремено, во Државната страгетија за одбрана се реафирмираше позицијата дека најголем и најсериозен предизвик е Кина, а Русија се доживува како акутна закана. Од документот се гледа дека Америка се подготвува за конфликт и со Русија и со Кина.
Модернизацијата на нуклеарните капацитети би чинела околу 1,5 трилиони долари, а тензиите со Русија и Кина им одговараат во правдањето на цехот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…
Канцеларијата за контрола на странски средства при…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…