Ковачевски: Секторот за електронски криминал испитува од каде доаѓаат лажните дојави за бомби

t

Дојавите за поставени бомби во училиштата се дел од стратегијата за хибридни напади, смета премиерот Димитар Ковачевски.

– При таквите дојави МВР мора да интервенира бидејќи се работи за училишта. Не случајно таргет им се училиштата бидејќи луѓето се најосетливи кога станува збор за училиштата каде учат деца. Секторот за електронски криминал ги испитува сите можни податоци за да се дознае од каде доаѓаат тие лажни дојави. Се надевам дека оние кои го прават ова, ќе сфатат дека Европа треба да живее во мир, а не во страв и неизвесност, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Владата.

Тој потсети дека во изминатиот период неколку државни институции беа цел на хакерски напади и дека и регионот не е изоставен од ваквите хибридни напади.

Изминатиот период имаше дојави за поставени бомби во училишта во Скопје кои по извршените проверки беше утврдено дека се лажни.

Денеска од МВР соопштија дека во четири скопски училишта пвторно има дојави за бомби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рачна бомба пронајдена во Охридското Езеро

Во неделата попладне, триесет и осумгодишниот М.Д.…

Силна експлозија на бомба во Атина, била…

Силна експлозија се случи во текот на…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…