(Видео) ВМРО-ДПМНЕ со списоци си вработувале членови во јавните претпријатија низ Скопје: Имале НУЛА МИНУТИ поминати на работа!

t

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, во денешната епизода на Тешки муабети објави како ВМРО-ДПМНЕ со списоци вработувало свои членови во јавните претпријатија во Градот Скопје кои земале плата, не оделе на работа и сега “синдикатите” ги бранат и бараат истите да бидат вратени на работа.

– Ова е список на еден претседател на општински комитет на кој тој пушта список за кој треба да се вработи во ЈП Водовод и канализација, се информира дека треба општ работник со средно образование прво да оди преку АПВ, а подоцна да се трансферира.

Овде на другата порака се праќа јавен оглас исто кој се бара и бараат луѓе за нова агенција за обезбедување во рамки на Градот Скопје, се обидувале војска да направат!

Тоа е луѓе набутани за 3-4 месеци стотина луѓе, превработени и во Водовод и во комуналец, да не одат на работа, да земаат плата и истите овие луѓе, лидерот и раководството на ВМРО-ДПМНЕ бараат истите овие луѓе да не бидат тргнати, криза било!

Тука имам еден друг документ кој вели како е вработен еден член на т. н Патриотски институт. Член од Кратово вработен преку АПВ, еден од најгласните на социјалните мрежи, кој има нула минути работен ангажман, НУЛА МИНУТИ!

Целата графа за присуство на работно место е празна, нагласува Митовски кој додава дека не му е јасно како некој застанува во одбрана на вакви “работници”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…

(Видео) Митовски го „избрка“ Таче од сопствената…

Првите потврдени сознанија дека Русија подготвува инвазија…

(Видео) Аналогијата е случајна: Во помијата за…

Вистинска драма попладнево се случи на заедничката…

Митовски: Шекеринска не верува во актуелното раководство…

Радмила Шекеринска е единствената која излезе неизвалкана…