Исмаил: Македонија е држава со најкатастрофални капацитети за производство на електрична енергија, а 600 илјади евра се трошат за плати годишно!
Македонија, и покрај тоа што има најкатастрофални капацитети за производство на електрична енергија сепак има најмногу вработени на километар далновод во регионот – во МЕПСО, само за плати годишно се трошат околу 600 илјади евра?! За споредба, Македонија има по 30 вработени на 100 километри мрежа, додека во Србија има 12 вработени на 100 километри мрежа, односно 2,5 помалку од Македонија.
А кои се вработените во овие државни фирми со енормно високи плати? Па тоа се најблиските роднини на владејачката класа, како на пример: синот на поранешниот премиер Владо Бучковски од СДСМ, ќерката на поранешниот градоначалник на Гостивар Невзат Бејта од ДУИ, сестрата на министерот за економија Крешник Бектеши од ДУИ и слично.
Меѓу другото ова е и причината не само за најскапата струја што ја плаќа народот во Македонија туку и за катастрофалната инфраструктура и неискористените и уништени капацитети за производство на истата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заловени 96 говеда во Крива Паланка, АХВ…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) досега…
Трамп: На САД не им е потребна…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на…
Српскиот парламент денеска конечно треба да добие…
Пратениците во Народното собрание на Србија ја…
Русија ги загрозува бродските рути во Црно…
Бугарските власти располагаат со разузнавачки информации и…
Водата во Струга е забранета за пиење
Водата од водоводната мрежа во цела Општина…