Добро утро со Инфомакс: До кај што сум ја пренесол својата љубов, дотаму е мојата татковина
Како оние кои го познавале го опишуваат Блаже Конески?
Неуморен градител на убавината, умник над умниците, челник на македонската преродба, благородниот поет што ја воздигна славата на македонскиот дух, скромен, чесен, правдољубив – вака зборуваат оние што го познавале великанот.”
Добро утро Македонци, уживајте во “Татковина” од Блаже Конески:
ТАТКОВИНА
Со замислени меѓи
сум ја означил својата татковина.
Сум поставил белеги на сите нејзини граници
и на сите стратегиски точки:
на тераси над реки, езера и над морскиот брег
кај што сум седел долго со пријатели
во летните вечери,
при чашка црвено вино.
На пазаришта со раскошни бои и опојни мириси
од есенското обилие.
На планински врвови
кога низ проретчени облаци
се открива поглед во далечни предели.
До кај што сум ја пренесол својата љубов,
дотаму е мојата татковина.
А вие, еј!
На што сте смислиле да ја сведете?!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…