Оригинален документ кој потврдува дека и во округот Пешкопеја живееле Македонци
„Македонците кои живеат во Голо Брдо биле признаени како малцинство се до 1949 година, што се потврдува и од изводите издадени од албанските власти во тој период, каде стои и македонска националност.“
![]()
Оригинален документ за отворање на училиште на македонски јазик во пограничното село Горно Крчишта, округ Пешкопеја, е еден од многуте документи за постоењето на Македонците во овој дел на Албанија, што го објавува Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“-Тирана.
Според него, во документот со датум од 11 февруари 1946 година стои дека министерството за образование дозволува настава на македонски јазик, по барање на жителите од ова село, што е „силен доказ дека во овој дел на земјата живеат единствено Македонци“.
-До Извршниот Комитетот на округот Пешкопеја, секција за образование. Земено е предвид барањето на жителите од село Горно Крчиште за отворање училиште на македонски јазик. Во училиштето ќе се учи само на македонски до трето одделение, а во погорните одделенија ќе се одржуваат и три часови албански јазик. Училиштето ќе функционира според законите во Албанија. Министер за образование проф. Костаќ Ципо, стои во докуменот.
Селата Горно и Долно Крчишта, Ербеле и уште неколку села припаѓаат на областа Долно Поле, понасевер од Голо Брдо, округ Пешкопеја, кои порано биле населени само со Македонци и учеле на македонски. Голем бил бројот на Македонците што живееле и во градот Пешкопеја.
Настава на македонски јазик до 1949 имало и за Македонците во областа Голо Брдо, која опфаќа 22 села, до кога ним им бил признаен и статусот малцинство.
-Македонците кои живеат во Голо Брдо биле признаени како малцинство се до 1949 година, што се потврдува и од изводите издадени од албанските власти во тој период, каде стои и македонска националност. До таа година, што се потврдува и со документ, наставата во училиштата во Голо Брдо се изведувала на македонски јазик, со учители од Македонија. Мајчин јазик на кој се зборува во Голо Брдо е македонскиот. Децата до седумгодишна возраст не го зборуваат албанскиот и него го учат со поаѓање на училиште, изјави за МИА, Никола Ѓурѓај претседател на македонското друштво „Илинден“-Тирана.
Додава дека и покрај низата барања упатени од македонските друштва до албанските власти, по падот на комунизмот, за враќање на статусот малцинство и воведување настава на мајчин македонски јазик, до сега нема никаков одговор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српскиот парламент денеска конечно треба да добие…
Пратениците во Народното собрание на Србија ја…
Русија ги загрозува бродските рути во Црно…
Бугарските власти располагаат со разузнавачки информации и…
Водата во Струга е забранета за пиење
Водата од водоводната мрежа во цела Општина…
Неофицијално: Авраам-Минос Мојсис бил можна цел на…
Авраам-Минос Мојсис, грчки бизнисмен со еврејско потекло…
Денес се празнува Свети Павле Исповедник, патријарх…
Кога блажениот патријарх Александар лежеше на смртна…