(Фото) Тупанчески и Кан во посета на Воспитно-поправниот дом во Волковија
Министерот за правда Никола Тупанчески заедно со регионалната директорка за Европа и Централна Азија на канцеларијата на УНИЦЕФ, Афшан Кан, беа во посета на Воспитно поправниот дом во Волковија.
Како што истакнаа на фејсбук-страната на Министерството за правда, целта на посетата е запознавање со активностите во однос на унапредувањето на правдата за децата.
-Беше направена обиколка на просториите на ВПД, а малолетниците ги презентираа идеите и механизмите на кои работеле во изминатиов период, наведуваат оттаму.
ВПД во Волковија е релативно нов комплекс со површина од 16 000 м2, ограден со жичена ограда, шеталишта, спортско игралиште за кошарка, мал фудбал и ракомет и во него се сместени 18 деца.
-Со подобрените услови се очекува значително да се зголеми грижата, ресоцијализацијата и рехабилитацијата на децата штитеници, посочуваат од Министерството.
Според нив, установата ги задоволува сите европски стандарди за сместување и работа со деца кои биле во судир со законот. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Василев: Јотова го помилува „Петричкиот Ескобар“
Бугарскиот пратеник Асен Василев обвини дека поради…
Трамп најави масовно истражување на нафта на…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави почеток на…
ММФ предупредува на нова должничка криза: Американскиот…
Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека растечкиот јавен…
Германија инвестира милиони во вештачка интелигенција, планира…
Германската федерална влада планира широка соработка со…
Над 160 здравствени работници учеа да препозна…
Повеќе од 160 здравствени работници и соработници…